More

    Австралија прва во светот лекува опасна по живот состојба кај бебињата

    spot_img

    На бебињата со алергии на кикирики ќе им се понуди третман за потенцијално опасна по живот состојба во Австралија. Тоа е прв ваков третман во светот.

    Во австралиските педијатриски болници, на подобните бебиња ќе им се даваат кикирики во прав секој ден во текот на две години. Дозата постепено ќе се зголемува. Така сакаат да ја намалат својата чувствителност, јавува Би-Би-Си.

    Оралната имунотерапија е достапна во специјализираните центри за алергија ширум светот. Ова е првпат да се користи за лекување на алергија на кикиритки на национално ниво.

    Австралија често се нарекува „главен град на алергијата на светот“, при што едно од десет бебиња има чувствителност на храна. Околу три отсто од едногодишните австралиски деца се алергични на кикирики. За разлика од другите алергии, малку деца ја надминуваат алергијата на кикирики, што ја прави најчеста алергија на храна кај децата на училишна возраст.

    Несаканите ефекти кај децата се претежно благи
    Бесплатниот третман е достапен само за деца на возраст под 12 месеци на кои веќе им е дијагностицирана алергија на кикиритки и се лекуваат во една од десетте болници учеснички во Австралија.

    Распоредот за земање кикирики во прав ќе биде внимателно пресметан за секое дете. По одредено време, детето ќе ја достигне таканаречената доза на одржување, која ќе ја прима две години, изјави за Би-Би-Си шефот на програмата Тим Бретиг. Несаканите ефекти може да се појават кај децата, но кај повеќето деца од оваа возрасна група тие се благи и не бараат третман.

    Целта на имунотерапијата е да се подигне прагот на толеранција. „Во некои случаи, може да биде толку висока што децата во иднина ќе можат слободно да јадат кикирики. За други, прагот може да се зголеми до ниво каде случајната изложеност нема да предизвика алергиска реакција“.

    Директорката на Националниот центар за алергија (NACE), Кирстен Перет, рече дека сакаат да ја променат состојбата со алергиите во земјата за да можат повеќе деца да одат на училиште без ризик од алергии опасни по живот.

    Истовремено, лекарите нагласуваат дека семејствата не треба сами да ја започнуваат оралната имунотерапија дома. „Оваа програма не е погодна за секого“, нагласи Бретиг.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img