Авионот W67778 на Виз Ер кој утринава требало да слета во Охрид од Дортмунд, ненадејно го сменил правецот над Хрватска сигнализирајќи за вонредна ситуација. Тој побарал да слета во Венеција каде безбедно се приземјил. Неговата сменета рута може да се види и на познатиот сајт Флајтрадар.
Засега од Виз Ер немаат објаснување за случајот, а на Твитер Флајтрадар извести за безбедното слетување.