Авиокомпаниите на германската групација Луфтханза ќе ги зголемат цените на билетите поради повисоките трошоци по воведувањето на еколошката такса од страна на Европската комисија за користење на фосилно гориво

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Авиокомпаниите на германската групација Луфтханза ќе ги зголемат цените на билетите  поради повисоките трошоци по воведувањето на еколошката такса од страна на Европската комисија за користење на фосилно гориво. Зависно од релацијата цените на билетите  ќе пораснат од 1 до 72 евра на сите летови кои полетуваат од земјите на ЕУ, Велика Британија, Норвешка и Швајцарија, соопшти авиокомпанијата.

Ова ќе ги погоди и македонските патници кои летаат со оваа авиокомпанија од Скопје за Франкфурт. Линијата беше воведена лани.

„Групацијата нема да може да ги поднесе зголемените дополнителни трошоци кои произлегуваат од регулаторните барања во наредните години. Надоместокот за трошоци за заштита на животната средина ќе покрие дел од повисоките трошоци во 2025 година“, соопшти Луфтханза.

Доплатата се однесува на резервираните карти од 26 јуни со поаѓање од европските земји.

Луфханза наведува дека трошоците се однесуваат на обврската наметната од ЕУ да се користи одржливо воздухопловно гориво (SAF), кое се добива од биомаса и ги намалува емисиите на јаглерод диоксид.

Според податоците на Групацијата Луфтханза, SAF моментално чини 3 до 5 пати повеќе од керозинот добиен од фосилно гориво, додека PtL – вид одржливо гориво – е до 10 пати поскап.

Ваквата разлика на трошоците за гориво, наведуваат авиокомпаниите ќе доведе до тоа цените на билетите на европските авиопревозници да бидат неспоредливо поскапи во споредба со авиокомпаниите кои не се членки на ЕУ.

Покрај групацијата Луфханза  и Ер Франс-КЛМ воведе еколошка такса почнувајќи од 2022 година кога ги зголеми цените на билетите за 12 евра.

Share This Article