More

    Ацо Пејовиќ не престана да плаче откако го виде „бебето“ на кое го спасил животот пред 10 години

    spot_img

    Концертот на Ацо Пејовиќ во босанскиот град Витез за момент бил прекинат, бидејќи пејачот имаше емотивна средба со малата Алмира Патковиќ.

    Алмира ненајавено се појавила на сцената за да му се заблагодари на познатиот пејач кој пред десет години ѝ го спасил животот донирајќи за нејзиното лекување.

    Пејовиќ не знаел што го чека кога организаторот му се обратил дека има изненадување, а кога го слушнал името на девојката не можел да ги задржи солзите.

    – Имаме одлична причина да го прекинеме концертот. Колку го сакате Ацо? Луѓе, после ова ќе го сакате уште повеќе. Многу луѓе ме замолија вечерва да се сликаат со него, но на само една девојка тоа ќе ѝ биде дозволено. Една девојка ќе се слика, а се вика Алмира. Ова е фотографирано пред десет години, Ацо и Алмира – рекол организаторот.

    – Ацо, се сеќаваш? Ти плати за нејзиното лекување и помогна да ѝ се спаси животот. Таа е тука вечерва и сака да ти се заблагодари на многу скромен и симболичен начин – додал тој.

    Кога пејачот ја видел, не можел да поверува. Ја прегрна цврсто, ја подигна, а потоа ѝ ја бакна раката. Оваа сцена ги расплака сите присутни, по што следуваше долг аплауз.

    – Не го очекував ова… Ме расплака. Да си жива и здрава, срце мое! Срцето ми е толку полно кога ќе те видам. Не ни знаев дека си бебето што го држев… – рекол Ацо.

    Девојчето и нејзината мајка во знак на внимание за сѐ што направил за нив и нивното семејство му додарија скромен подарок.

    Алмира имала само 4 месеци кога Ацо Пејовиќ ѝ донирал пари. Потоа ѝ била неопходна операција на дебелото црево. А денес благодарение на добрите луѓе, пред се на Ацо, таа израсна во вистинска мала убавица која денес е здраво девојче.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img