Српскиот фолк пејач Аца Лукас во саботата одржа концерт во Загреб, а ја искористи приликата да ги коментира овогодинешните претставници на Евровизија, а особено се осврна на групата „Лет 3“ која ја претставуваше Хрватска и на српскиот претставник Лук Блек.
– Не се знае која е полоша песна, нашата или вашата. Вашата е малку помала трагедија од нашата. Таа манифестација стана сосема без врска, што е ова – не знам. Се сеќавам на АББА, „Молитва“, на вашата „Марија Магдалена“. Ова е хорор – рекол Лукас.
Лукас во Хрватска неколкупати настапувал на свадби, каде добивал огромни хонорари.
– Посебно фамозна беше ергенската забава на Дарио Шимиќ. Најголемиот хит што го пеев во тоа време беше „Мали мрав“. Никогаш нема да го заборавам тоа. Силвио Мариќ ја нарачал таа песна педесет пати. Тогаш сè уште немаше Гугл, па им се јавив на пријателите во Белград да ми го диктираат текстот – рекол Лукас.
ФОТО: Инстаграм