Атракција на хрватското крајбрежје деновиве е огромната јахта на која се гледаат познатиот пар Бијонсе и Џеј Зи. Овој пат папараците ги уловија како се одмараат закотвени во Цавтат. И додека раперот се излежувал и замислено гледал во далечината, Бијонсе, очигледно поенергична, постојано шетала и се обидувла да фати уште некој сончев зрак.
Парот на јахтата престојува со трите деца, а можеше да се забележи дека покрај послугата има и телохранители и дадилки. Ова не е првпат музичките ѕвезди да се во Хрватска. Тие во 2009 година беа фотографирани во Дубровник и Цавтат, а одморот во тој период ќе им остане во сеќавање поради инцидентот во кој нивниот телохранител нападна хрватска новинарка. Епилогот на инцидентот бил прекршочна пријава и парична казна, која нивниот вработен морал да ја плати поради нарушување на јавниот ред и мир.
Нивната јахта завчера се упати кон Корчула, каде што одат при секоја посета, а се верува дека како и секој пат кога се во Хрватска, ќе го посетат и малиот остров Врник, каде во тамошниот ресторан ќе уживаат во медитеранските специјалитети. При претходната посета тие направија заедничка фотографија со домаќините во Врник, која ја објавија многу подоцна, почитувајќи ја приватноста на своите познати гости.
ФОТО: Инстаграм