По втор пат вчера се одржа трката Kolorrun во партнерство со атлетскиот клуб „Атомик“. Оваа година беа пријавени над 1.500 учесници кои трчаа по булеварите долж градот, голем број индивидуални учесници, компании со свои вработени и голем број деца.
Најдолгата патека од 10 километри започна пред Ист гејт мол со вртење на раскрсницата кон булеварот Илинден со улицата Манапо, трката на 2,5 километри исто така почна пред Ист гејт мол со полукружно вртење кај подвозникот прeд мостот „Гоце Делчев“ и трите трки за дечиња од 100, 200 и 500 метри на булеварот Гоце Делчев и на улицата Беласица, во зависност од возраста.
Како и минатата, и оваа година сите натпреварувачи добија медал, богат стартен пакет и бесплатна колекција на фотографии преку системот Pic2go.
На крајот, сите учесници и поддржувачи беа присутни на забавата и на прогласувањето на победниците, односно на најуспешните тимови, компаниски тимови и индивидуални учесници. Овој пат забавата беше пред влезот на трговскиот центар каде што се случи спектакл со бои по што е познат овој настан и оваа трка.
Главните спонзори во соработка со атлетскиот клуб „Атомик“ озбезбедија одлични парични награди и голем број подароци.
Трговскиот центар Ист гејт мол како општествено одговорна компанија со огромно задоволство го поддржа овој настан кој е мотивација за спортување и градење спортски навики кај луѓето.
Овој настан полека, но сигурно станува скопска традиција за сите возрасти и за оние кои имаат желба за спорт и за рекреација. На трката беа пријавени учесници од главниот град, но имаше учесници и од целата држава и од регионот.