Атлетико го прегази Реал, а Симеоне има порака за критичарите

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Soccer Football - LaLiga - Atletico Madrid v Almeria - Metropolitano, Madrid, Spain - April 16, 2023 Atletico Madrid coach Diego Simeone reacts REUTERS/Isabel Infantes

Фудбалерите на Атлетико Мадрид во средата го декласираа Кадиз на домашниот стадион „Ванда Метрополитано“ и со нови три бода дојдоа на второто место на табелата во шпанското првенство Диего Симеоне, најплатениот тренер во Европа, кој беше на мета за многубројните критики на стартот од сезоната, зборуваше за медиумите по натпреварот.на шпанската јавност.

Стрелци за „Јорганџиите“ беа Антоан Гризман (двапати), Алваро Мората, Јаник Караско и Науел Молина.

По мечот, новинарите го прашаа „Чол“ како се чувствува поради тоа што во поредокот го престигна Реал Мадрид, актуелниот европски шампион.

„Тоа не ми значи многу. Честопати во минатото завршувавме сезони пред Реал и тоа не е случајно. Со години покажуваме дека работиме напорно, а сега треба да се обидеме да одиме што подалеку“, изјави Диего Симеоне, кој на клупата на Атлетико е од 2011 година.

Аргентинецот се осврна и на критиките од стартот на сезоната.

„Иднината ќе покаже дали биле во право. Нема да заборавиме дека многумина престанаа да веруваат во нас. Многумина не ни веруваа. Фудбалот е променлив и не треба да се зборува предвреме. Фудбалот е она што се случува на крајот од сезоната, а не во текот на неа. Знам што барам, знам на што работам и не ми е гајле што мислат другите. Знаев дека нашиот тим ќе понуди одговор“, изјави 53-годишниот стручњак од Буенос Аирес.

Атлетико е на цели 13 бода од лидерот Барселона, а во следното 34. коло од Примера ќе му гостува на последнопласираниот Елче.

Share This Article