More

    Арсовска во „Само интервју“ рече дека добила директни закани од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски

    spot_img

    Скопската градоначалничка Данела Арсовска вечерва во „Само интервју“ рече дека добила директни закани од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

    – Сум имала закани од Христијан Мицкоски и тоа конкретно, лично и директно: „Кога ќе бидам премиер, ќе те влечеме по улиците, ќе го бришеме подот со тебе“.  Верувам дека не жена, ниту еден човек не треба да биде ставен под таков притисок. На оној што ги искажува овие закани не треба да му се дозволи ниту еден момент да биде во функција во која што ќе може да ги исполни овие закани. Ако Мицкоски сакал да биде градоначалник, можел да излезе пред граѓаните и да види дали ќе добие доверба – рече Арсовска.

    Таа вели дека имала закани од еден ист центар и дека со истото се соочиле повеќе луѓе.

    Арсовска ги демантираше шпекулациите од ВМРО-ДПМНЕ дека имала тајна средба со премиерот Димитар Ковачевски и порача оставка да се бара од оние лица кои во континуитет манипулираат.

    – Успеа Мицкоски да излезе во медиумите и да каже дека нема да бара моја оставка, но дека не сме занеле што ќе ми донесе животот и граѓаните ова треба да го осудат. Доколку мислиле дека со ваков притисок ќе предизвикаат да се повлечам, тоа нема да го сторам – рече Арсовска.

    Скопската градоначалничка додаде дека нема зошто да размислува да се повлече од функцијата и смета дека најавата за бесплатен јавен превоз не е невозможна.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img