Актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска од говорницата на денешната вонредна советничка седница, пак го спомнуваше, како што го нарече шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски и рече дека само се шетал и отворал чешми и тротоари со вмровските градоначалници.
– Нема да ви го шетам шпицниот градоначалник, кој секој ден сече ленти за отворање на чешми. Ако сакал да биде градоначалник, што не се кандидирал? Вашиот директор Игор Јанушев (директор на ЈСП во времето на власта на ВМРО-ДПМНЕ – н. з.), еве го овде на слика, склучил штетен договор со Маратон со кој, за да бидат налепени автобусите со реклами ЈСП добива 7.000 денари, а фирмата 2.000 евра. Такви штетни договори вашите луѓе склучувале и директно сте одговорни за загубите на ЈСП – рече Арсовска.