Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска вечера откри дека не планира да оди на годишен одмор ова лето, поради како што вели, ќе се посвети на градот Скопје.
– Имаме градежна офанзива која ја започнавме, активна реконструкција следи некаде до крајот на септември, на сето она кое што го правевме како проекти во изминатите месеци. Дојдовме во град без проекти и единствени работи затекнати во реализација се оние проекти кои што ги напоменувавме досега, а беа оставени со бројни проблеми и предизвици. Проблемите кои што ги затекнавме полека ги решаваме, се посветуваме на новите проекти и она што беше во програмата и гледаме активно што е можно повеќе да ги реализираме барањата на граѓаните уште во првата година на мандатот – рече Арсовска во гостување на „Инфомакс“.