Лидерот во Премиер лигата, Арсенал достави понуда за играчот од средниот ред на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ.
Тоа се случи со посредство на Матеја Кежман, кој е агент на играчот. Се вели дека понудата е вредна 35 милиони фунти.
Сепак, Арсенал не е единствениот премиерлигаш заинтересиран за српскиот играч од средниот ред. Вест Хем и Њукасл исто така сакаат Милинковиќ-Савиќ и изразија подготвеност да платат иста сума.
Договорот на играчот кој денеска полни 28 години е до летото 2024. Досега за Лацио има 64 гола и 59 асистенции на 324 натпревари. Неговата форма, сепак, видно опадна по Мундијалот, а во Италија тврдат дека самиот играч сака да смени клуб и да бара друг предизвик.