„Архиродон“ треба да одлучи дали ќе гради или не, вели Ковачевски

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

На грчката компанија „Архиродон“, која е добитникот на тендерот за изградба на хидроцентралата Чебрен, е да одлучи дали ќе продолжи во постапката или нема, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

-Ако имале дополнителни барања во однос на договорот, тогаш тоа се барања кои излегуваат од рамката на договорот кој бил предмет на тендерската постапка која им била достапна на сите други компании кои  учествувале на тој тендер – рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање на настанот за доделување изводи на досега не евидентирани лица.

Како што истакна, тендерот за изградба на хидроцентралата Чебрен е меѓународен тендер кој е објавен и на кој учествувале 9 или 10 реномирани меѓународни компании, чиј составен дел на тендерската документација е договорот за концесија.

-Врз основа на евалуација на независна комисија составен од експерти во Министерството за животна средина еден од понудувачите е избран дека ги исполнува условите. Владата врз основа на тоа носи одлука согласно Закон за концесии, согласно тендерската документација и согласно договорот за концесија кој е предмет на тендерот и согласно Законот за води – појасни Ковачевски.

Грчкиот инвеститор поднесе жалба на Одлуката на владата за изградба на хидроелектраната во која  бара прво да потпише договор за концесија, па потоа да добие дозвола за води, што е спротивно на македонските правила кои предвидуваат прво да се добие дозвола за води, па потоа да се потпише договор за концесија.

Компанијата има поднесено банкарска гаранција која важи до крајот на годината, по што треба да ја продолжат, ако сакаат да ја градат хидроелектраната. Што ќе се случува ќе се знае на почетокот на следната година.

Share This Article