Аргентинецот во новиот клуб достигнаа сума од 100.000 долари

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Аргентинецот Лионел Меси в петок ќе дебитира за Интер Мајами во Лига купот, натпреварување во кое играат клубови од САД и Мексико. Неверојатна фудбалска еуфорија ја зафати Флорида по доаѓањето на најдобриот светски фудбалер.

Билетите пламнаа за миг, а сега се продаваат и по неверојатни 100.000 долари.

Просечната цена на влезниците достигна сума од 450 долари и тоа е десетпати повеќе од периодот пред Лео Меси да потпише за Интер Мајами.

Целата оваа еуфорија околу доаѓањето на Меси во Интер Мајами се споредува со периодот кога легендарниот Пеле потпиша за Космос.

 

 

Меси завчера се појави пред полни трибини и доби силни овации од навивачите, по што му беше доделена „десетката“ на Мајами.

– Многу сум среќен што сум овде! Едвај чекам да почнам со тренинзи и натпреварите. Тука сум да победувам и да му помогнам на тимот, како и секогаш. Ќе се забавуваме многу – рече Меси на презентацијата.

 

- Advertisement -
Ad image

 

Славниот поранешен англиски фудбалер Дејвид Бекам го претстави Меси на свечена церемонија во Форт Лодердејл, Флорида.

- Advertisement -
Ad image

– Пред 10 години, кога го почнав моето патување за изградба на нов тим во Мајами, реков дека сонував да ги доведам најголемите играчи во светот во овој неверојатен град. Денеска тој сон се оствари – изјави Бекам.

Аргентинецот Лионел Меси и Шпанецот Серхио Бускетс, некогашниот тандем на Барселона, синоќа беа претставени како главни засилувања за Интер Мајами.

 

 

Инаку со денови претставувањето на Лионел Меси, како и Шпанецот Серхио Бускетс, некогашниот тандем на Браселона, се најавуваше како голем спектакл. Стадионот беше исполнет до последно место, а стартот беше одложен поради големото невреме, пропратено со силни грмежи.

На крајот, и покрај дождот, двајцата играчи се појавија на сцената и предизвикаа делириум на трибините, кои пред настанот купуваа дрес од Меси за 200 долари.

Share This Article