More

    Арбјан Мазнику ќе биде министер за локална самоуправа

    spot_img

    Албанскиот премиер и лидер на Социјалистичката партија Еди Рама на денешното партиско собрание соопшти дека ќе изврши реконструкција на владиниот кабинет, а целосно е сменет и Секретаријатот на партијата.

    Рама најави и ново министерство за локална самоуправа каде прв човек ќе биде Арбјан Мазнику, актуелен заменик градоначалник на Тирана, Македонец чиј татко потекнува од село Врница, област Голо Брдо, јави МИА.

    Како што рече Рама, предлозите утре ќе му ги достави на шефот на државата Бајрам Бегај, кој треба да потпише уредба за разрешување на досегашните и наименување на новите министри, по што, имајќи го предвид бројот на пратениците од мнозинството, тие лесно ќе поминат на седница на Парламентот.

    Претходно во своето обраќање, Рама рече дека патот кон Албанија 2030 година е со големи предизвици, дека земјата веќе е влезена во нова фаза, но има уште многу работа.

    Според него Албанија оваа година станала главна туристичка дестинација за европејците и додаде дека „ако погледнеме назад, од владеењето на социјалистите има 1001 причина за гордеење“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img