Припадници на МВР во Белград, полициска станица Палилула и интервентно одделение 92, во соработка со Вишото јавно обвинителство го уапсиле Д.Н. (35) и М.К. (26) поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, се вели во соопштението.
Како што се наведува, при претресот на станот и на осомничените, полицијата пронашла околу 53 грама кокаин, 2.155 евра и 8.000 динари, за кои постои сомневање дека се од продажба на дрога, како и вага за прецизно мерење.
Полицијата ги уапсила осомничените во Нов Белград, во патничко возило.
На осомничените им е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе бидат изведени до надлежното обвинителство.