More

    Апели од ЕУ и ОН за прекин на судирите во Судан

    spot_img

    Покрај истрели и експлозии што се слушааат во Картум, престрелка има и во северниот судански град Мерове. Аларабија ТВ објави снимки на кои се гледа како се издигнува час над воениот камп во Мерове.

    По неколкудневните тензии, паравоените Сили за брза поддршка (РСФ) и суданската армија денеска потврдија дека биле нападнати нивните позиции во главниот град на Судан, Картум.

    РСФ тврди дека воспоставила контрола над аеродромот во Картум, ја зазеле резиденцијата на армискиот командант и претседателската палата. Тврдењата на бунтовниците сè уште не се потврдени.

    РСФ утрово соопшти дека нејзините сили биле нападнати во една воена база во јужен Картум, додека армијата тврди дека борците се обиделе да заземат воен штаб.

    Тензиите помеѓу армијата и РСФ ескалираа по пролонгирањето на договорот за повторна демократизација на Судан, постигнат по воениот удар во 2021 година.

    Судирите избија поради предлогот за повторно воспоставување на цивилна власт во Судан. Од воениот удар во 2021 година со Судан раководи Суверен совет составен од армиски генерали.

    РСФ е под команда на потпретседателот на Советот, генерал Мохамед Хамдан Дагал, а армијата ја предводи генералот Абдел Фатах ал Бурхан, кој е претседател на Суверениот совет. Според предложената транзиција кон цивилна влада, РСФ ќе биде интегрирана во суданската армија. РСФ бараше транзицијата да биде одложена за 10 години, но според армијата повторното воведување на цивилна власт треба да се случи за две години.

    РСФ се составени од припадници на полицијата Џанџавид, обвинети за злосторства за време на долгата и смртоносна војна што започна во 2003 година во Дарфур, западен Судан, исто така е обвинета дека била вклучена во задушувањето на бунтот против диктаторот Омар ал Башир кон крајот на 2018 година, што кулминираше со неговото соборување од власт во април 2019 година.

    Западните сили и регионалните лидери ги повикаа двете страни да ги намалат тензиите и да се вратат на разговорите.

    Амбасадорот на САД во Судан, Џон Годфри преку Твитер побара прекин на борбите.

    Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска ги повика спротивставените страни во Судан да го прекинат насилството.

    Тој додаде дека персоналот на Европска Унија во Судан е безбеден.

    Специјалниот претставник на Обединетите нации во Судан, Волкер Пертес изјави дека најостро го осудува насилството.

    – Контактирав со двете спротивставени страни, барајќи од нив веднаш да ги прекинат борбите за да се осигури безбедноста на суданскиот народ и да се поштеди земјата од понатамошно насилство – наведе Пертес.

    Суданските паравоени паравоените Сили за брза поддршка (РСФ) соопштија дека презеле контрола врз претседателската палата, резиденцијата на генералот Абдел Фатах ал Бурхан, како и врз меѓународниот аеродром во Картум и врз аеродромите во Мерове и во Ел Обејд.

    Додека суданската армија негира дека е заземен аеродромот во Картум и соопшти дека презема мерки против РСФ.

    Дел од западните медиуми објавија дека при експлозија на аеродромот во Картум загинале најмалку две лица.

    Се појавија и телевизиски снимки на кои воен авион надлетува над Картум, но сè уште не е потврдена автентичноста на снимката.

    Судирите помеѓу РСФ и суданската армија, покрај Картум и Мерове се проширија и во главниот град на сојузната држава Северен Дарфур, Ел Фашер. Очевидци тврдат дека судири има и во околните градови. Локалните лекари тврдат дека има цивилни жртви.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img