More

    Апелација му ја намали затворската казна на Марјан Стаменковски „ДоказМ“

    spot_img

    Апелациониот суд Скопје ја одби како неоснована жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје во врска со случајот „ДоказМ“, а жалбите на обвинетиот Марјан Стаменковски, сопственик на истоимениот портал, делумно ги уважи.

    На седницата одржана на 19 мај во Апелациониот суд Скопје, Јавното обвинителство побара повисока казна, а одбраната повторување на постапката за случајот.

    „Апелациониот суд Скопје постапувајќи по кривичниот предмет КЖ-357/23, по одржаната јавна седница на ден 19.05.2023 година, донесе пресуда со која жалбата на Основното јавно обвинителство С., ја одби како неоснована, а жалбите на обвинетиот М. С. од С., делумно ги уважи. По жалбите и по службена должност пресудата на Основниот кривичен суд Скопје К.бр.429/23 од 04.04.2023 година, ја преиначи во делот на одлуката за кривична санкција на начин што обвинетиот М. С. го осуди на единствена казна затвор во траење од две години и шест месеци и на парична казна во износ од 5.000 евра во денарска противвредност од 308.450,00 денари“, се наведува во денешното соопштението од Апелацискиот суд.

    На обвинетиот М. С., како што е посочено во соопштението, му се изрекува и „забрана за вршење професија, дејност или должност поврзани со кривичните дела“, односно забрана да врши регистрација на домеин и да се јави како регистрант или сопственик на портал за време од шест години и престанок на регистрацијата на сите регистрирани домејни во кои обвинетиот се јавува како сопственик на портал.

    „Пресудата на Основниот кривичен суд Скопје К.бр.429/23 од 04.04.2023 година, во делот за кривичното дело „уцена“ од член 259 став 1 в.в. член 19 од КЗ, ја укина и предметот во тој дел го врати на првостепениот суд на повторно судење, од причина што првостепениот суд не ги утврдил со сигурност решителните факти кои се од влијание за правилна примена на материјалното право, по однос на елементот од битието на кривичното дело „уцена“, се наведува во соопштението.

    Од Апелациониот суд Скопје информираат дека Одлуката ќе биде објавена во целост на веб страната на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите.

    Стаменковски се товареше дека преку веб-порталот во негова сопственост, како средство за извршување, сторил повеќе кривични дела: две кривични дела – Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, едно кривично дело – Уцена, едно кривично дело – Пиратерија на аудиовизуелно дело и кривично дело – Злоупотреба на лични податоци.

    Предметот беше оформен по поднесени кривични пријави против обвинетиот од повеќе жртви во текот на 2022 и од почетокот на 2023 година, а во врска со објавени содржини на веб порталот во негова сопственост. Пријавите беа од две новинарки и еден владика.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img