More

    Апасиев ќе предложи нов закон до Собранието

    spot_img

    Лидерот на Левица Димитар Апасиев најавува дека неговата партија ќе предлпожи законско решение со кое, како што вели, апанажа ќе им следува и на работниците, а не само на пратениците и на другите избрани функционери, откако ќе заврши нивниот работен однос.

    Ова следува откако вчера мнозинството народни избраници не го прифати предлог законот на Левица, предложен од двајцата пратеници на таа партија, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, со кој се бараше да се укине апанажата на пратениците и на другите функционери, бидејќи, како што објаснија во текстот на предлог законот, со тоа се ставаат во нерамноправна положба другите работници, на кои по отпуштањето од работа, им следува многу помал надомест од државата, но и во траење од пократок период, а за да ја добијат таа државна помош треба да исполнат и многу други предуслови.

    За овој нивни предлог гласале „за“ само 16 пратеници, но мнозинството народни избраници не се охрабри да поддржи укинување на нивната привилегирана положба.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img