More

    Антикорупциска вели дека градоначалничката Арсовска именувала директори спротивно на закон

    spot_img

    Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска доби кривична пријава од Државната комисија за спречување на корупција, откако беа разгледани назначувањата на в.д. директорите на МКЦ и на Зоолошка градина, кои беа оценети како незаконски.

    Според ДКСК, Арсовска свесно постапила спротивно на член 353 од Кривичниот законик со незаконското поставување на в.д директори на МКЦ и на Зоолошка градина бидејќи таа постапувала спротивно на законските одредби.

    Арсовска, спротивно на законот за в.д. директори на МКЦ и на Зоолошка, именувала лица кои не биле вработени во овие јавни установи што е спротивно на чл. 31 од Законот за култура кој предвидува именување на в.д. директори од редот на вработените во тие установи и со мандат од само 6 месеци.

    ДКСК постапи по пријави од Државниот инспекторат за труд и ги провери наводите во Агенцијата за вработување.

    – Инспекторатот утврдил дека претходниот директор Кристијан Стаменов бил разрешен од функцијата, додека две недели подоцна е именуван Драган Илиевски. ДКСК констатира дека пријавата и документите ги содржат потребните акти со кои се утврдува наведената постапка, ваквото постапување на градоначалникот на Град Скопје упатува на преземени активности за именување на лице за вршител на должност на јавна установа спротивно на членот 34 став 1 од Законот за култура што претставува основ за сомневање за сторено кривично дело а тоа е злоупотреба на службената положба и овластување – појасни претседателката на Комисијата Билјана Ивановска.

    Градоначалничката Арсовска во јануари годинава на в.д. директорската позиција во МКЦ го именуваше Никола Алексов што предизвика лавина реакции во колективот на култната скопска културна институција, а во Зоолошката градина по скандалот со колењето на коњи, беше сменет Кристијан Стаменов и на негово место за в.д. директор го  назначи Драган Илиевски кој пак во јануари годинава го ротираше на в.д. директорското место во ЈП „Водовод“. Во моментов в.д. директор на скопската Зоолошка е Зоран Попов, кој доаѓа од редот на вработените.

    Незаконското поставување на детективот Алексов за директор на МКЦ неодамна го потврди и Управниот суд.

    Антикорупционерите расправајќи за праксата на назначување на в.д. директори во јавни институции, рекоа дека повеќе нема да го толерираат и соодветно ќе дејствуваат бидејќи се случува исто лице повеќекратно да извршува директорска функција од позиција на вршител на должност иако законски тој мандат е само шест месеци и тоа влијае врз функционирањето на системот, тивко го поткопува и претставува мешање на политиката и во локалната и во централна власт.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img