More

    Антикорупциска реагира за злоупотребата од Маричиќ

    spot_img

    Со член 8-б став 1 од Изборниот Законик е уредено дека „за потребите на изборната кампања, забрането е користење на канцелариски простор, канцелариска опрема и службени возила на државните органи, освен лицата на кои се однесуваат посебните прописи за заштита на личноста, соопштија од Државна комисија за спречување на корупцијата

    Со одредбите од Уредбата за личностите и објектите што се обезбедуваат, видовите на мерки и активности и степените на обезбедување, се определени личностите и објектите што се обезбедуваат, видовите на мерки и активности и степените на обезбедување, додека во член 4 од наведената уредеба е уредено дека „…од страна на Министерството за внатрешни работи со редовни, вонредни и посебни мерки и активности постојано се обезбедуваат следниве личности:

    „Претседателот на Република Северна Македонија,претседателот на Собранието на Република Северна Македонија,претседателот на Владата на Република Северна Македонија. замениците на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, министерот за внатрешни работи, министерот за одбрана. министерот за надворешни работи и директорот на Бирото за јавна безбедност и директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање во Министерството за внатрешни работи“, велат од Државна комисија за спречување на корупцијата.

    Исто така, во член 18 од наведената уредба се уредени мерките и активностите за обезбедување на личностите и објектите, кои се состојат од преземање на:

    „Оперативно-превентивни мерки и активности за обезбедување на личности, објекти и простори; превентивно-технички мерки и активности за обезбедување кои опфаќаат механичко, електронско-техничко, против-диверзионо, хемиско-биолошко-радијациско, санитарно-здравствено, противпожарно и други видови на обезбедување на личности и објекти, физичко и сообраќајно обезбедување на објекти и личности,следење на преземените дејствија и активности за спроведување на општите мерки и активности за обезбедување во органите на државната власт и други правни лица од интерес за безбедноста и одбраната на Република Македонија со кои стопанисуваат субјекти во својство на правни лица, секој во рамките на своите надлежности и овластувања утврдени со закон и други потребни мерки и активности од интерес и значење за обезбедување на личности и објекти“, додаваат од ДКСК.

    Реакцијата на Антикорупциска комисија следува откако вчера медиумите објавија, а ВМРО-ДПМНЕ реагираше на тоа што вчера Бојан Маричиќ, прв заменик на претседателот на Владата на Македонија задолжен за европски прашања, дојде да се потпише за претседателската кандидатура на Стево Пендаровски со службно возило.

    Маричиќ втор ден молчи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img