Антикорупциска ќе објави список на јавни функционери кои го кријат својот имот

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Билјана Ивановска информира дека функционира софтверот за електронско поднесување на анкетните листови и во таа насока апелираше до сите носители на јавни функции електронски да достават анкетен лист.

Ивановска вечерва на Топ Тема на Телма му порача на новиот состав на ДКСК дека е најважно да продолжат со јакнење на капацитетите на институцијата, потоа да се довршат започнатите проекти, да профункционираат тренинг центарот и аналитичкиот центар, но, нагласи, потребно е да се направи и нова систематизација согласно надлежностите.

Таа меѓу другото истакна дека со 80 проценти од институциите ДКСК имала одлична соработка, но постоеле и такви институции, што не им доставувале документи и покрај нивните барања.

– Плаќале казна, прекршочен платен налог и повторно не доставуваа документи. За да не заборавиме некого градиме список и на последната седница на ДКСК ќе го објавиме на нашата веб страница. Ќе биде интересно за медиумите кои се тие институции, но и носители на функции кои платиле казна и повторно не доставиле анкетен лист или документи што сме ги барале – рече претседателката на ДКСК.

Таа информираше и дека ДКСК работи на втор дел за случајот „Трансмет“, односно како што појасни, како се располагало со опремата и што се случувало со неа.

– На наредната седница ќе го затвориме и тој предмет, рече Ивановска.

На последната седница, како што најави, ќе се реферира меѓу другото за случаите „Лотарија“ и „Бехтел и Енка“.

– Случајот „Бехтел и Енка“, како што знаете е насочен кон изборот на надзор. За „Бехтел и Енка“ почнавме да реагираме уште на почетокот со донесувањето на Законот во Собранието, реагиравме, дадовме иницијатива до Уставниот суд што ни ја отфрли, постојано имавме свој став, а последното што се случи беше изборот на надзорот, на тоа се сконцентиравме и тоа ќе го обелодениме – најави Ивановска.

Според неа, не се сфатила сериозно борбата против корупцијата. Корупцијата е тежок камен, истакна Ивановска и упати порака дека мора многу институциии да делуваат.

- Advertisement -
Ad image

Во однос на законитоста на балансерот и вработувањата во администрацијата, таа истакна дека се подготвува иницијатива за поднесување пред Уставниот суд.

– Се обративме до владата со барање да ни се даде анализа како е спроведен законот до сега, бидејќи во законот има одредби кои што велат дека под тој закон спаѓаат оние лица кои биле вработени до 2019 година и тие имаат право да се преземаат понатаму во другите органи. Побаравме и дополнителни информации од Министерството за политички систем како одело доделувањето на вработените лица во други институции, но не добивме одговор и покрај тоа што се обративме со ургенција со преведен текст – рече Ивановска.

Share This Article