Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе покрене иницијатива за поведување постапка за кривично гонење во Основното јавното обивнителство против поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски и против актуелниот градоначалник на Општина Студеничани Азем Садики.
Како што беше појаснето на денешната седница на Антикорупциската комисија, за екс градоначалникот Георгиевски постојат основи за сомневање во врска со изградбата на катастерска парцела во Општина Маџари на ул. „Перо Наков“ од фирмата „Електроелемент“, односно новиот салон за автомобили на „Волво“, додека основи за сомневање постојат врз основа на Ревизорски извештај, за недомаќинско работење и трошење на средства од Буџетот, како и јавни набавки во општината за градоначалникот Садики.
Членот на ДКСК, Нури Бајрами рече дека постои сомневање дека Георгиевски постапил спротивно на Законот за локална самоуправа, и извршил притисок и врз градежните инспектори.
– Според мене, инспекторот бил изложен на мобинг. На последната средба што ја имавме, од досегашните вработени, односно од оние кои учествуваа на состанокот дознавме дека овластениот инспектор бил отпуштен. Ова е феномен кој треба да се реши во следните дебати, со цел како овластените инспектори да постапат – вели Нури Бајрами, член на ДКСК.
Во врска со поведувањето кривична постапка против градоначалникот на Студеничани, Азем Садики, претседателката на Антикорупциска, Билјана Ивановска рече дека од ребалансот на буџетот на општината за 2020 година се забележани многу неосновани плаќања.
На членовите на Советот на општина Студеничани и на градоначалникот им се исплатени средства во износ од 908 илјади денари по месечна уплата за учество на седниците кои воопшто не се одржаа – изјави Билјана Ивановска, градоначалник на Антикорупциска.
Во врска со веста дека антикорупциската комисија поднела инцијатива пред јавното обвинителство за објектот на „Волво“, ја информирам јавноста дека како градоначалник ниту го имам оштетено буџетот на општината, ниту пак сум овозможил некое правно лице да се стекне со противправна имотна корист, вели поранешниот градоначалник на Гази Баба, Борис Георгиевски.
– Најодговорно тврдам дека сите акти на Општината се во согласност со Закон, а доколку сегашниот градоначалник смета дека е поинаку, во секое време може да ги поништи сите акти донесени од мене. Градоначалникот не ги води постапките сам, за законитоста на постапките потврдуваат стручните служби на општината – додава тој.