Поранешниот француски фудбалер Тиери Хенди демантираше дека сака да биде нов селектор на белгиската репрезентација, пренесува „Скај Спорт“.
Некои француски медиуми објавија дека Анри и понудил на Фудбалскиот сојуз на Белгија (РБФА) да биде нов селектор на оваа земја по заминувањето на Роберто Мартинез.
Белгија во моментов е без селектор, бидејќи Мартинез поднесе оставка по елиминацијата во групната фаза на Светското првенство во Катар.
„Би сакал да кажам апсолутно јасно дека никогаш не сум контактирал со RBFA за да ги понудам моите услуги како нов тренер на првиот тим“, изјави Анри за Sky Sport.
Анри му беше помошник на Мартинез во белгиската репрезентација од 2016 до 2018 година, а потоа и од 2021 година. Шпанскиот селектор неодамна ја презеде репрезентацијата на Португалија.
Легендарниот Французин (45) беше тренер на Монтреал и Монако, а за француската репрезентација одигра 123 натпревари и го постигна својот 51 гол.
РБФА на крајот на минатата година објави конкурс за нов селектор на Белгија.