More

    Анкета за расположението на гласачите за претседателските избори

    spot_img

    Кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата е речиси со двојна предност пред кандидатот за претседател од владејачката СДСМ, покажува најновата анкета на Институтот за политичко истражување Скопје, која беше вчера презентирана во емисијата Објектив на Македонската радио телевизија.

    На прашањето за кого ќе гласате на претстојните претседателски избори во изборната единица 2, за ВМРО-ДПМНЕ одговориле 20.2%, додека за владејачката партија СДСМ 11%, за кандидатот на ДУИ дале поддршка само 6.7%, ЗНАМ 5.7%, ЕСП 5.2% за кандидатот на Левица исто толку 5.2%, за АА 3.7%, за ниеден 17.3%, не сака да каже 9.8%, додека 8.9% одговориле со не знам.

    Во изборната единица 6 на истото прашање за кого ќе гласате на претстојните претседателски избори, „кандидатот на ДУИ“ одговориле 17.6% од испитаниците, додека кандидатот на Европскиот сојуз за промени би освоил 16.2%. Од македонскиот блок најголема поддршка има кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, односно 7.4% од анкетираните граѓани одговориле дека ќе гласаат за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, наспроти СДСМ која има 3.8%, додека за кандидатот на АА би гласале 6.4%.

    Под 1% се кандидатите на Левица и ЗНАМ. За „ниту еден од наведените“ одговориле 19%, не сакале да кажат 14%, додека „не знам“ или „немам одговор“ одговориле 9.9 од испитаниците.

    Анкетата е спроведена телефонски, во изборната единица 2 на 1002 испитаници односно 1001 испитаник во изборната единица 6 со забележана грешка од плус минус 3%.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img