Новак Ѓоковиќ доби извинување од англискиот стручњак кој го предвиде неговиот колапс во 2023 година. Денеска Србинот е број еден во светот, а од понеделник ќе ја помине 400-та недела на врвот на АТП листата.
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ без сомнение е најдобриот тенисер на сите времиња, особено ако се земе предвид дека речиси целата своја кариера ја помина „борејќи се со медиумите“ за наклоност во ерата на Роџер Федерер и Рафаел Надал. Ова особено се однесува на медиумите од Англија и од САД, кои најчесто беа непријателски настроени кон српскиот тенисер.
Меѓу нив е и англискиот новинар и колумнист Сајмон Бригс, кој многупати „се огрешил“ за Новак Ѓоковиќ. Тој во 2018 година, во обид да прогнозира како ќе изгледа ТОП10 на АТП листата, мислеше дека Новак нема да биде таму… Потценување е да се каже дека тој збрка, и сега е време да се извини.
Во написот во британски „Телеграф“ под наслов „Новак Ѓоковиќ го надмудри времето – не бев во право кога го отпишав“, Сајмон Бригс со покајание му се обрати на најдобриот свестки тенисер, додавајќи дека, Новак е како Мик Џегер и Том Брејди, сè уште не ја изгубил својата глад за успех.
„Што и да се случи викендов на завршниот турнир во Торино, утрото потоа ќе му припадне на Новак Ѓоковиќ. Во понеделник, тој ќе стане првиот тенисер – од кој било пол – кој освоил 400 недели на првото место на листата. Тоа е речиси полни осум години врвна игра. Тоа е неверојатно достигнување. И едно што лично не успеав да го предвидам. Ова е мое признание“.
„Пред пет години од мене и моите колеги од спортската редакција на Телеграф беше побарано да напишеме како би изгледала листата со најдобрите тенисери во светот оваа недела во 2023. Резултатите беа интересни… На прво мести го ставив Денис Шаповалов, леворакиот тенисер од Канада кој не успеа да ги дисциплинира своите брилијантни удари. На второ место е Хјеон Чунг, Јужнокореецот чија кариера е уништена поради повредите на грбот. На петто место е Џек Сок, Американец кој секогаш изгледаше дека повеќе сака хамбургери од победа. А каде беше Ѓоковиќ? Никаде“ – напиша британскиот новинар признавајќи ја својата лоша проценка.
„Што сум размислувал тогаш? Со оглед на тоа што тешко се сеќавам каде ги оставам и клучевите од автомобилот, тешко е да се каже со сигурност. Но, претпоставувам дека се разбудив тоа утро во ноември 2018 година и си помислив: Знаеш што? Ѓоковиќ е целосно преценет. Поверојатно е дека го направив сето тоа со надеж дека ќе ја исполнам мојата желба, наведувајќи како би изгледала најшарената и најразновидна група играчи за кои можев да се сетам. И додека Ѓоковиќ веќе беше на добар пат да го добие статусот на најдобр на сите времиња, имаше и такви кои постигнаа повеќе ако ја погледнам забавната страна. Дали можеби имаше малку замор од Ѓоковиќ? Почнав сериозно да се занимавам со тенис есента 2011 година кога самиот Ѓоковиќ станува ѕвезда” – напиша Бригс во својата колумна и се потсети дека во тоа време тој го нарекол Ѓоковиќ „тениски научник“ кој плете мрежа.
„Неверојатно работа е што Новак Ѓоковиќ се наближува на 37.години и никој со сигурност не се спротистави на неговиот пристап. Статистички, најблизок предизвикувач е Рафаел Надал, кој успеа да најде излез од таа своја пајажина – како Индијана Џонс со неговиот форхенд. Но, дури и Надал е втор најдобар таму (29-30) во нивниот меѓусебен скор. Во моја одбрана очекував дека Ѓоковиќ до сега ќе ја заврши кариерата. Или пак, дека внатрешниот оган малку ќе му се олади. Не се случи ни едно ни друго. Тој сè уште рутински ги победува своите ривали – од кои многумина се 15 години помлади – и тоа е на физичка сила. А реакцијата на навивачите само ја поттикнува таа негова глад“ – констатира британскиот новинар.
„Сепак, Ѓоковиќ не е првиот шампион кој помина низ сето ова. Но, кога Михаел Шумахер разви сличен антихеројски имиџ, звукот на неговиот мотор ги удави сите негодувања од навивачите. Додека Ѓоковиќ, во уште еден мајсторски удар, научи како да ја сикористи таквата негативност. „Кога толпата вика Роџер, јас слушам Новак“, рече тој по неговата позната победа на Вимблдон во 2019 година над Федерер.
А, уште колку може да трае овој Ѓокопол (алузија на монопол, н.з.) Во Алкараз, Синер и Руне, тенисот конечно најде трио за „вауу“ со фактор. Тројцата имаат комбинирани пет победи и осум порази против Ѓоковиќ – солиден почеток на нивните кариери. Но, сè уште нема знаци за забавување на мајсторијата на Ѓоковиќ. Како Том Брејди , како Мик Џегер, како Доријан Греј… Тој го надмудри времето. Моето единствено преостанато предвидување е дека ќе го сруши рекордот на Кен Розевал (37 години и 62 дена) и ќе стане најстариот играч кој освоил гренд слем. Тоа ќе биде на следниот УС Опен“ – напиша Сајмон Бригс во своето ново „корегирано“ предвидување.