Денеска, во Охридската сала на Собранието, новоизбраните членови на Државната изборна комисија, Светлана Карапетрова и Ангелчо Ристов, дадоа свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши и пред генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска.
Ангелчо Ристов е дипломиран правник со положен правен испит и магистер по управно право и јавна администрација од Делчево, а Светлана Карапетрова е дипломиран економист и магистер по економија – финансии, сметководство и ревизија од Тетово.
Двајцата нови членови на ДИК кои беа избрани на 19. собраниска седница, доаѓаат на местата на Бобан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ кој стана заменик генерален секретар на Собранието, и на Радица Ристеска од СДСМ, која замина во пензија.