Денеска, градоначалникот Кирил Пецаков, ги поздрави ангажираните образовни асистенти кои ќе даваат дополнителна помош на децата со полесна попреченост од школска возраст, за поефикасно спроведување на воспитно образовниот процес.
– Најпрвин сакам да Ви се заблагодарам за Вашата благородна работа што ја работите и да Ви посакам успех во новата учебна година. Нашата замисла како Локална самоуправа е квалитетно и модерно образование. Во таа насока е и реализацијата на програмата, Општинско Корисна Работа – од граѓаните за заедницата од заедницата за граѓаните, со налов на проектот ,,Отворени можности за еднакво образование за сите деца” која се реализира во текот на учебната година од 01.09.2022 до 10.06.2023. Целта на проектот е поефикасно спроведување на воспитно образовниот процес на децата со полесна попреченост од школска возраст. Со програмата се ангажираат соодветни стручни лица, образовни асистенти, со што ќе се овозможи дополнителна помош во совладување на наставата. Нашата цел е да се подобри квалитетот на живот посебно на децата со полесна попреченост кои имаат потешкотии во совладување на редовната настава , со тоа ќе им биде олеснета работата како на наставниците така и на родителите. Образовните асистенти ќе работат пола работно време, секој ден, во согласност со наставната програма и во соработка со стручната служба во училиштата како и со координаторот од Општина Охрид. Сакам да Ви порачам да бидете трпеливи и секогаш позитивни, бидејќи само со таков пристап ќе може да бидете сигурни дека ќе ги пренесете вистинските пораки за човечност и добро воспитување, истакна градоначалникот Пецаков.
Со програмата се ангажираат 10 образовни асистенти во средните училишта ОСУ Климент Охридски – 1 образовен асистент, ОУТУ Ванчо Питошески – 4 образовни асистенти, ОЕМУЦ Наум Охридски – 4 образовни асистенти и СОСУ Кирил и Методиј – 1 образовен асистент.