Холивудската актерка Анџелина Џоли (49) ја освои една од најпрестижните награди во кариерата на синоќешното доделување на наградите Тони во Њујорк, како продуцент на претставата „Аутсајдеерите: Нов мјузикл“ (The Outsiders: A New Musical).
Таа за оваа специјална вечер се појави во зелена кадифена кринолина со корсет и широко лелеаво здолниште, а прекрасната креација е дело на „Версаче“. Тоалетата ја комбинирала со шал во истата боја и ткаенина.
Анџелина синоќа ја покажа и новата тетоважа меѓу градите, во форма на мала птица во лет, која ја симболизира слободата.
Многумина ја поврзуваат нејзината тетоважа со нејзиниот бурен развод со Бред Пит.
Таа на доделувањето се појави со ќерката Вивиен (15), која всушност ја мотивирала да ја прифати продукциската работа во оваа претстава. Вивиен носеше зелени панталони и елек со бела кошула.