More

    Анџелина Џоли снимена на кафе со 21 година помлад актер

    spot_img

    Холивудската актерка Анџелина Џоли (47) е фотографирана на кафе со ѕвездата од серијата „Нормални луѓе“ Пол Мескал (26) во кафуле во Лондон. Фотографијата ја споделил еден обожавател кој ги забележал, а таа брзо се проширила низ социјалните мрежи.

    Во излетот им се придружила и ќерката на Анџелина, Шајло (16), која филмската ѕвезда ја има со поранешниот сопруг и актер Бред Пит. Странските медиуми пишуваат дека мајката и ќерката го запознале ирскиот актер откако тој ден во еден лондонски театар ја гледале неговата претстава „Трамвајот наречен желба“.

     

    Пол Мескал убедливо се проби во актерството со улогата во серијата „Нормални луѓе“, која настана според романот на Сали Руни. Во еден момент се најде на насловните страници на бројни странски медиуми, улогата на Конел во хитот Сали Руни му донесе номинација за Еми, а се пишуваше и за неговиот стил – и во серијата и во реалниот живот.

    Минатата година „Џеј Кју“ го прогласи за највлијателен млад човек на годината. Актерот беше свршен со пејачката Фиби Бриџерс, но наводно раскинале набргу по објавувањето на нивната свршувачка.

    ФОТО: Твитер

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img