Анџелина Џоли објави дека сака да се пресели во Камбоџа штом ќе заврши нејзиниот горчлив развод.
Актерката зборуваше за нејзиниот презир кон Холивуд во интервју за магазинот ВСЈ. Анџелина Џоли (48) откри дека планира да го напушти „нездравиот Лос Анџелес“ и да помине повеќе време во Камбоџа, откако „ја изгубила способноста да патува слободно“ за време на нејзината жестока битка со Бред Пит.
Таа за магазинот изјави дека не го сака Холивуд и дека го смета за „површно место“, признавајќи дека веројатно никогаш не би влегла во индустријата во денешно време, доколку сега требала да ја почнува кариерата како актерка. Таа објасни дека сака да се исели што е можно поскоро за да живее во нејзиниот дом во Азија, но не додека нејзината тековна правна битка со поранешниот сопруг Бред Пит не дојде до завршната фаза.
Анџелина и Бред започнаа да се забавуваат во 2005 година, додека актерот сè уште беше во брак со Џенифер Анистон, а се венчаа во 2015 година, за да се разделат две години подоцна. И оттогаш трае нивната седумгодишна разводна битка за старателството над нивните шест деца. Анџелина рече дека процедурата ограничила некои работи, како што е патувањето.
„Тоа е дел од она што се случи по мојот развод – ја изгубив способноста да живеам и слободно да патувам“, рече таа и додаде: „Ќе се преселам кога ќе можам“.