Се ближи крајот на правната борба на Анџелина Џоли и Бред Пит околу винаријата во Франција се ближи кој крајот, а поранешните сопружници донеле одлука која никој не ја очекувал. Важниот чекор бил направен две недели откако адвокатите на Џоли го тужеле Пит. Меѓутоа, тие сега одлучиле да стават крај на агонијата.
Анџелина Џоли и Бред Пит кои беа во брак од 2014 до 2019 година и кои имаат шест деца, се косопственици на винарија во Франција. Тие се согласиле на посредување со кое би можеле да го решат нивниот спор.
Документите за спорот за лозјето, а кои датираат од минатата недела, покажуваат дека двете ѕвезди се согласиле на медијација како алтернативен метод на решавање на спорот околу винаријата „Шато Миравал“, наместо со спорот да одат на суд. Анџелина изјавила дека е подготвена да учествува во преговарањето, пишува „Дејли мејл“.
Битката траела со години, а актерката пред две години ги предала документите на суд во кои го исмејувала својот поранешен сопруг поради тврдењето дека тој го изградил тој бизнис, а всушност, според тие документи, тој само го посетувал лозјето додека француските работници се заслужни за целата работа. Таа го нарекла „холивудски дилетант“.
Бред Пит подолго време во јавноста истакнува дека е преоптоварен со винаријата.
Анџелина и Бред ја купиле винаријата во 2011 година, а се развеле осум години подоцна. Адвокатите на актерката претходно месецов предале контратужба во рамките на повеќегодишниот судски процес. Во тие документи се нуди контраодговор на тврдењата кои порано ги изнеле адвокатите на Бред Пит.
Како што кажале, одлуката на Анџелина да го продаде својот дел од винаријата се заканувала дека ќе го уништи целиот бизнис во којшто Пит се дал целиот. Тврдењата дека тој ја направил целата работа ги оцениле како смешни.
„Пит е актер, а не винар. Тој се занимава со илузии, а не го „валкани работи“ (се мисли на физичка работа која ја бара одржувањето на винаријата) и грозје“, се наведува во документите, па се додава:
„Во текот на годината кога наводно го издигнал бизнисот, тој всушност снимаше, глумеше во десеттина филмови, да не ги спомнуваме бројните промотивни настапи, филмски премиери ширум светот, холивудски забави. Иако без сомнеж ја посетуваше винаријата, за да се восхитува на работата на француските работници кои ја направија работата да биде успешна, Пит не е винар“.
Анџелина својот дел од винаријата го продала во 2021 година, а нејзините адвокати тврделе дека поранешниот сопруг ѝ должи 350 милиони долари.