Анастасија Ражнатовиќ Гудељ, сподели видео од Дубаи, а обожавателите не можеа, а да не го забележат модниот детаљ за кој таа потроши значителен износ на пари

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Ќерката на српската фолк пејачка Цеца Ражнатовиќ, Анастасија Ражнатовиќ Гудељ, сподели видео од Дубаи, а обожавателите не можеа, а да не го забележат модниот детаљ за кој таа потроши значителен износ на пари.

Анастасија престојувала неколку дена во Белград на семејната прослава на Свети Никола, а потоа се вратила кај сопругот Немања Гудељ во Севиља, Шпанија. Потоа, славниот пар решил да ги спакува куферите и да отпатува на одмор во Дубаи.

Анастасија сега на својот инстаграм-профил сподели видео од кафуле, а сите забележаа еден моден детаљ.

Имено, младата пејачка е снимена како носи шарен фустан со длабоко деколте, но она што на сите им паднало в очи е скапата чанта која Ражнатовиќ ја држела во скутот.

Станува збор за розова, мала чанта, од познатиот бренд „Луј Витон“, чија цена е неверојатни 3.495 евра.

ФОТО:

Share This Article