More

    Аналитичари откриваат знаци за неговите политички амбиции

    spot_img

    Евгениј Пригожин, основач на групацијата Вагнер, паравоена структура вклучена во борбите во градот Бахмут, источна Украина, можеби има намера да му конкурира на рускиот претседател Владимир Путин на претседателските избори во 2024 година, пишува Њузвик, врз основа на анализа на тинк-тенк организација.

    Институт за проучување на војната (ISW), со седиште во Вашингтон, ја даде оценката во својата последна анализа за конфликтот. Институтот цитираше интервју на Пригожин дадено на 4 март, објавено од неговата интернет новинска агенција, во кое тој седи со руски новинари од Раша тудеј, РИА Новости и од неговата агенција.

    – Пригожин го користи своето влијание во мејнстрим медиумскиот пејзаж на Русија за да се прикаже себеси како претендент на претседателските избори во Русија во 2024 година – проценува Институтот за проучување на војната. Се додава дека интервјуто е забележливо по неговиот „уникатен формат“.

    – За време на интервјуто Пригожин изгледаше како да го имитира начинот на кој рускиот претседател Владимир Путин ги снима своите кореографирани јавни состаноци – оценува Институтот.

    Имено, Пригожин седел на масата, а интервјуто било поставено на ист начин како што се аранжирани разговорите на Путин со многубројни функционери. Ова можело да се направи намерно или за „тивко да се исмева Путин“ или пак „суптилно да се сугерира дека Пригожин може да стане следниот руски претседател како Путин“.

    Многубројни медиуми наведуваат дека на Русија ѝ се заканува сериозен политички пресврт потсетувајќи дека некои други елементи од јавните говори на шефот на „Вагнер“ сугерираат дека тој смислува план за соборување на Путин од власт.

    Исто така, се проценува дека овој филмски стил е невообичаен за Пригожин бидејќи тој не користи толку стерилен формат во своите јавни видео настапи, најчесто снимајќи некаде надвор во униформа.

    Пригожин исто така го искористи ова интервју за да ги повтори своите претходни аргументи за потребата да се всади тврдоглава идеологија во руските борци и тврдеше дека руското Министерство за одбрана намерно конфискува артилериска муниција од групата Вагнер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img