Популарната српска пејачка на народна музика Ана Бекута е оперирана пред три недели во Австрија, пишува „Скандал“.
На естрадата се прошири информација дека Бекута отишла во Турција на генерален ремонт на а замена на силиконите, липосукција и фејслифтинг, а тоа се наводно чисти измислици и инсинуации, па гореспоменатиот медиум наведува дека пејачката има големи здравствени проблеми.
– Какви естетски интервенции и поправка? Тие што велат така треба да се срамат, Ана Бекута сериозно се бори за своето здравје. Не сакам да споделувам со медиумите за што се работи, но ситуацијата не беше наивна. Оперирана е во странство и се бори за своето здравје. За среќа, Ана отсекогаш била позитивна и сите нејзини вистински пријатели знаат со што се соочува и каков борец е и дека и од оваа битка ќе излезе како победник. Само ги молам озборувачите да не шират вакви гнасни лаги по естрадата. Нејзе не ѝ треба никаква медиумска хајка за ништо или каков било маркетинг. Жената само сака да се избори за своето здравје и оставете ја на мир – раскажува за „Скандал“ добрата пријателка на Ана.
Пријателката не сакаше да открие каква е дијагнозата, но секако е нешто сериозно, штом Ана целосно се повлече и никаде не се огласи.
Она што понатаму се наведува е дека пејачката го открила својот здравствен проблем сосема случајно, но со време, па операцијата била неизбежна. Оперирана е во Виена, Австрија, каде што живее веќе извесно време.
Закрепнувањето по операцијата оди во вистинската насока. Поради тоа сега не се ни огласила иако издаде нов албум.
– Се е на стендбај. Сега нејзиното здравје е најважно. Ана ќе се врати во „Ѕвездите на Гранд“ во текот на мај, па ќе ја заврши оваа сезона.