Амонијак се излеал од камион цистерна на товарната железничка линија кај Панчево

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Амонијак се излеал од камион цистерна на товарната железничка линија кај Панчево синоќа. Поради тоа 20 луѓе  кои живееле во околните куќи биле пренесени во болница во Панчево, а останатите се евакуирани.

Според информациите од утрово, во Панчевската болница во моментов нема пациент поради труење со амонијак.

Директорот на Општата болница Панчево Слободан Овука соопшти дека  ноќеска во болницата биле примени 20 лица, меѓу кои имало и деца.

-Две лица беа на кислород, но им беше дозволено и да си одат дома. Ниту еден од пациентите не покажа знаци на акутно труење со амонијак, но имаше поблаги поплаки. Сега се чувствуваат добро и сите се пуштени дома- изјави тој.

Share This Article