Никола Јокиќ синоќа беше „фатен“ на хиподромот во Њујорк, во градот каде што в сабота ќе го одигра следниот натпревар во НБА против Бруклин Нетс. Својата слободна вечер во „големиот град“ српскиот кошаркар ја посвети на својата најголема спортска љубов надвор од кошарката и уживаше на тркачката патека „Јонкерс Рејсвеј“.
“Вечерва имавме специјален гостин. Му благодариме на Никола Јокиќ од Денвер Нагетс што дојде кај нас. Никола има голема страст за тркање и бевме воодушевени што реши да ни се придружи” – објавија од „Јонкерс Рејсвеј“ на социјалните мрежи.
Од патеката се појави слика со коментар: „Ова е многу висок специјален гостин по вечерашната седма трка. Двократниот МВП и НБА шампион, Никола Јокиќ“.