Од 11 април на Американците ќе им биде дозволено да избираат „Х“ за пол во нивните барања за пасоши, соопшти денеска Стејт департментот.
– Почнувајќи од 11 април, граѓаните на САД ќе можат да ја изберат ознаката Х за пол во нивната апликација за пасош во САД, а оваа опција ќе стане достапна за други форми на документација следната година – нагласи американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
– Секој Американец ја заслужува слободата да биде свој. Но, премногу трансродови Американци продолжуваат да се соочуваат со системски бариери, дискриминација и акти на насилство – соопшти Белата куќа.
Стејт департментот објави во јуни минатата година дека граѓаните на САД можат да го изберат својот пол на апликациите без поднесување медицинска документација.