More

    Американците ги предупредија своите граѓани, Иран ќе го нападне Израел?

    spot_img

    Американскиот државен секретар Ентони Блинкен телефонски ги повика колегите од Кина, Турција и од Саудиска Арабија да извршат притисок врз Иран за да го одварата од каков било напад врз Израел, соопшти Стејт департментот.

    – Ескалација во регионот не е во ничиј интерес и сите земји треба да го охрабрат Иран да не избувнува – изјави портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.

    САД очекуваат ирански напад врз Израел, но таков што нема да биде доволно голем за да го вовлече Вашингтон во војна, изјави доцна синоќа американски претставник.

    Американскиот претседател Џо Бајден  на вчерашната заедничка прес-конференција во Белата куќа со јапонскиот премиер Фумија Кишида рече дека Иран „се заканува дека ќе изврши голем напад врз Израел“.

    Американскиот претседател Џо Бајден вчера изјави дека неговата поддршка за Израел е „непоколеблива“ пред иранската закана за одмазда по нападот врз иранскиот конзулат во Дамаск, Сирија, што Иран му го припишува на Израел.

    Блинкен телефонски разговараше и со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант за да ја повтори цврстата поддршка за Израел наспроти тие закани, додаде Милер.

    Портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер рече дека Вашингтон го предупредил Иран за потенцијални напади врз Израел.

    САД им забранија на своите вработени во Израел и на членовите на нивните семејства да патуваат надвор од поголемите области на Тел Авив, Ерусалим и Бер Шева, поради потенцијален ирански одмазднички напад врз Израел по смртта на командантот на Револуционерната гарда во Сирија, соопштија денеска од американската Амбасада во Израел.

    „Поради голема претпазливост, на вработените во американската Влада и на членовите на нивните семејства им е забрането приватно патување надвор од пошироката област Тел Авив, Ерусалим и Бир Шева до натамошно известување“, се наведува во соопштението на Амбасадата.

    Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, вчера изјави дека Израел ќе биде „казнет“ по нападот на 1 април во Сирија, за кој Иран смета дека го извршил Израел.

    Во нападот беше уништен иранскиот конзулат во Дамаск и загинаа 16 лица, меѓу кои седум членови на Чуварите на револуцијата, идеолошката армија на Иран, според невладина организација.

    И пред изјавата на Хамнеи Иран веќе вети дека ќе одговори на нападот, што дополнително ги зголеми регионалните тензии во услови на војна во Појасот Газа меѓу Израел и Хамас кој е поддржан од Иран.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img