Американскиот претседател Џо Бајден се повлекува од трката за реизбор во Белата куќа.
„Тоа е во најдобар интерес за мојата партија и за земјата“ – порача Бајден.
Соопштението доаѓа четири месеци пред Американците да излезат на гласање на претседателските избори и драматично ја менува трката за Белата куќа.
Повлекувањето на Бајден дојде по неколкунеделен интензивен притисок во Демократската партија по слабиот настап во дебатата против републиканецот Доналд Трамп кон крајот на јуни и неодамнешното појавување пред новинарите на крајот од самитот на НАТО.
Во писмото објавено на неговиот профил на социјалните мрежи, тој вели дека е најголема чест во неговиот живот да биде претседател.
„И иако мојата намера беше да барам реизбор, верувам дека е во најдобар интерес на мојата партија и на земјата да се повлечам и да се посветам исклучиво на исполнувањето на должностите на претседателот до крајот на мојот мандат“ – истакнува Бајден во писмото.