Американскиот државен секретар Ентони Блинкен упати честитка по повод Денот на независноста нa Македонија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен упати честитка по повод Денот на независноста на Република Северна Македонија.

Во честитката, Блинкен ја истакнува поддршката на САД за натамошно разивање на партнерските односи, за просперитет и интеграција на земјава во ЕУ и за промоција на владеењето на правото.

„Во име на Соединетите Американски Држави, му честитам на народот на Северна Македонија на прославата на 32 години од независноста.

Соединетите Американски Држави ја поддржуваат Северна Македонија во спроведувањето на реформите за интегрирање во Европската унија и воспоставување уште посилни односи со соседните европски земји.

Северна Македонија направи големи чекори за да обезбеди просперитет на сите нејзини граѓани додека се соочува со глобалните предизвици, а ние стоиме со вас во вашите напори да го промовирате владеењето на правото.

Со нетрпение очекуваме да го зајакнеме нашето партнерство со Северна Македонија и да ги унапредиме нашите заеднички демократски вредности во годините што доаѓаат – се наведува во честитката од американскиот државен секретар Ентони Блинкен, што ја објави Стејт департментот.

Share This Article