Американскиот сенатор Берни Сандерс го повтори својот повик до Конгресот на Соединетите Американски Држави да ја блокира предложената воена помош од повеќе милијарди долари за Израел, јавува Српската радио-телевизија.
Сандерс, исто така, ја осуди воената кампања на Израел во Појасот Газа како „незаконска, неморална, брутална и крајно непропорционална војна на Нетанјаху против палестинскиот народ“.
Тој во објавата на платформата Икс изјави дека војната во Појасот Газа е предизвикана од „варварскиот напад“ на Хамас, но оцени дека одговорот на Израел е „крајно непропорционален, неморален и спротивен на меѓународното право“.
“Доста е доста. Американските даночни обврзници повеќе не смеат да бидат соучесници во уништувањето на животите на невините мажи, жени и деца во Газа“, рече Сандерс, пишува РТС, повикувајќи се на „Тајмс оф Израел“.
Amerikanski senator bara da se blokira voenata pomoš za Izrael: Dosta e