More

    Американската војска првпат успешно ја тестираше ракетата „Дарк игл“

    spot_img

    Соединетите Американски Држави успешно тестираа конвенционална хиперсонична ракета во Флорида, само неколку недели откако Русија првпат, во борба, го употреби својот нов балистички проектил „Орешник“ кој може да носи и нуклеарни боеви глави.

    Американскиот хиперсоничен систем со долг дострел, познат како „Дарк Игл“, ја лансирал ракетата од вселенската станица Кејп Канаверал, со што е завршено сеопфатното тестирање, објави Пентагон.

    Ова е прв успешен тест на системот „Дарг Игл“, при што се користени оперативен батериски центар и транспортно-подигачки лансер.

    Хиперсоничните проектили, кои достигнуваат брзина поголема од 5 маха (петпати поголема од брзината на звукот), претставуваат значаен чекор напред во воената технологија. Поради нивната брзина, дострел и маневрирање, тие можат да ги заобиколат повеќето постоечки системи за воздушна и ракетна одбрана, што ги прави револуционерно оружје.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img