Американската страна не побарала средба меѓу рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Антони Блинкен на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на ОБСЕ во Северна Македонија

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Американската страна не побарала средба меѓу рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Антони Блинкен на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на ОБСЕ во Северна Македонија.

Ова во изјава за новинарите го кажа заменик-министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Рјабков, пренесува руската новинска агенција ТАСС.

– Не, американската страна не побарала, и нема да бара. И нема да има средба – посочи заменик министерот, одговарајќи на новинарско прашање од ТАСС.

Како што пренесува агенцијата, помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања Џејмс О’Брајан се воздржал од коментари за можноста за релевантни контакти.
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, во понеделник (27 ноември) изјави дека ќе учествува на состанокот на ОБСЕ во Северна Македонија доколку Бугарија го отвори својот воздушен простор и дека некои западни земји веќе побарале средби со него.

Тој истакна дека веќе имал неколку барања за средби, вклучително и од западни претставници.

„Ако некој ни пријде, ние никогаш не бегаме и не се криеме“, додаде рускиот шеф на дипломатијата.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ќе ги претставува САД на состанокот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Скопје оваа недела, објави денеска помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања Џејмс О’Брајан.

Share This Article