Американката Ванда Палмер се разбудила од двегодишна кома откако била брутално нападната и го идентификувала нејзиниот брат како напаѓачот.
Таа била згрижена во установа за трајна нега во Њу Мартинсвил, Западна Вирџинија, САД, откако била претепана во нејзиниот дом во јуни 2020 година. Кога Палмер била пронајдена, шерифот Рос Мелинџер изјавил дека таа била толку дивјачки нападната што надлежните помислиле дека е мртва.
Установата за нега ги контактирала властите минатата недела. Даниел Палмер, братот на Ванда, е уапсен откако е идентификуван како напаѓач.
– Тој не пружаше никаков отпор. Беше малку изненаден, но не целосно – изјави Мелинџер во врска со апсењето.
Според надлежните, Даниел ја нападнал својата сестра со мачета или мала секира. Тој е уапсен под сомнение за обид за убиство и злонамерно повредување.