Американката Микаела Шифрин е победничка на денешната трка во слалом возена во Леви, Финска

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Американката Микаела Шифрин е победничка на денешната трка во слалом возена во Леви, Финска.

Американката до триумфот стигна со вкупно време по двете трки 1:47.20 минута.

Втора заврши Катарина Линзбергер од Австрија, додека третото место ѝ припадна на Лена Дир од Германија.

Трката во Леви е историска за македонското скијање.

Осумнаесетгодишната Јана Атанасовска е првата Македонка со настап во Светскиот куп. За жал, таа не успеа да ја заврши првата трка и остана без пласман.

ФОТО: EPA / VALDRIN XHEMAJ

Share This Article