Американката Микаела Шифрин е победничка на денешната трка во слалом возена во Леви, Финска.
Американката до триумфот стигна со вкупно време по двете трки 1:47.20 минута.
Втора заврши Катарина Линзбергер од Австрија, додека третото место ѝ припадна на Лена Дир од Германија.
Трката во Леви е историска за македонското скијање.
Осумнаесетгодишната Јана Атанасовска е првата Македонка со настап во Светскиот куп. За жал, таа не успеа да ја заврши првата трка и остана без пласман.
ФОТО: EPA / VALDRIN XHEMAJ