Американецот Мајкл Финк толку многу наликува на Новак Ѓоковиќ, што дури и неговиот мал син ги „меша“, па кога ќе го види српскиот тенисер на екранот мисли дека тоа е неговиот татко.
Сопруга на американскиот двојник на Ѓоковиќ, Луси Финк е тиктокерка и често објавува видеа за збунувачката сличност на нејзиниот сопруг со тениската ѕвезда. Луси вели дека сличноста на нејзиниот сопруг со Новак Ѓоковиќ често ги доведува во комични ситуации. Но, сличноста најмногу го збунува нивниот син, кој вика „тато“, секогаш кога ќе го види Ѓоковиќ на телевизија.
– Мојот сопруг многу личи на Новак Ѓоковиќ, луѓето постојано го запираат. И погледнете што се ќе случи сега, вели Луси Финк во видеото на кое се гледа како нивното дете покажува со прстот кон телевизорот и вели: Тато!
– Каде е?, го прашува неговата мајка.
– Па, еве го, одговора момчето покажувајќи со прстот кон телевизорот.
А еве како изгледа сопругот на Луси или американскиот двојник на Новак Ѓоковиќ: