Флорида се најде на удар на еден од најсилните урагани во овој век – ураганот Хелен, кој синоќа ја погоди американската сојузна држава.
Засега не се познати точните последици.
Еден жител на Флорида, кој разговараше со Си-Ен-Ен, изјави дека првично не верувал оти бурата ќе биде сериозна.
– Бурата започна прилично бавно. Живеам блиску до водата и одеднаш нивото на водата почна брзо да расте – рече Хелер во изјавата за Си-Ен-Ен.
Властите ги предупредуваат граѓаните да останат на безбедно и да ги следат официјалните насоки, додека службите подготвуваат акција за утврдување на штетите откако ќе помине бурата.
Од друга страна, пак, има и такви луѓе кои си најдоа забава во сета таа несреќа: