More

    Амбасадорот на САД во Косово: Не беше група граѓани што спонтано се собраа

    spot_img

    Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Косово, Џефри Ховениер, изјави дека се уште има непознати во врска со нападот врз косовската полиција на 24 септември и нагласи дека групата луѓе не се граѓани кои спонтано се собрале „да ја изразат својата загриженост“, пренесува РТК.

    Сè уште работиме да откриеме како и кој е одговорен и зошто, но ги видовте снимките од воената опрема и плановите што се прават. Тоа не беше група граѓани спонтано собрани да ја изразат својата загриженост. Тоа беше обучена и организирана група, нагласи Ховениер во изјавата за новинарите по средбата со претседателот на Косово, Вјоса Османи.Ова имплицира дека има некаква структура зад нив, во однос на обуката и опремата. Сакаме овој настан да се расчисти и тие да сносат одговорност, рече Ховенје.

    Тој изјави дека знаел за извештаите дека имало пукање од манастирот Бањска кон косовските полициски сили.

    Ховениер истакна дека е во контакт со КФОР, ЕУЛЕКС и полициските власти и дека меѓу нив има силна координација.

    Извор: Косовска полиција

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img